Рим – Ѓоковиќ подобар од Агут, Иснер го изненади Вавринка!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ стигна до сигурна победа во 3-то коло во Мастерсот во Рим.

По победата против Бедене, тој беше подобар и од Агут кој го победи со 6:4 и 6:4.

За освојување на првиот сет на Ѓоковиќ му беше потребен еден брејк, кој го направи во 7-от гејм, а во вториот беа видени 3 брејкови, од кои 2 од страна на Ѓоковиќ.

Во ¼-финале тој ќе игра против Дел Потро.

Во ¼-финале се пласираше и Иснер кој го победи Вавринка и ќе игра против Чилиќ кој беше подобар од Гофан.