Ријад Марез во уште еден голем трансфер го напушта Сити?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фантастичниот алжирски фудбалер после четири и пол години го напушти Лестер и за 70 милиони евра премина во редовите на англискиот првак, меѓутоа нема место во првиот тим за него.

Така оваа сезона 28 годишнио офанзивец започна само 11 натпревари во дресот на Сити, па веќе почнаа шпекулации дека Марез би можел да ги напушти Граѓаните и да премине во друг клуб.

Наводно Јувенутс е заинтересиран за доведување на овој фудбалер. Понуда ќе пристигне до Граѓаните, а Марез е спремен за нов договор.

Јувентус ова лето сака да доведе неколку нови имиња. До сега Марез не се поврзувал никогаш со Бјанконерите, но секако би било интересно да се види Алжирецот во дресот на Старата дама.

Марез оваа сезона одигра вкупно 26 натпревар во сите натпреварувања. Запиша 10 голови и 10 асистенции, но без обзир на тоа Пеп Гвардиола не му дава премногу шанса од првата минута.

Интересно е тоа што во јануари не одигра ниту една минута.