Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот тренер на Интер, Андреја Страмачиони по епизодата во Панатинаикос ќе се пресели во Чешка.
Тој се договори со Спарта Прага која зад себе има разочарувачка сезона. Спарта заврши на трето место зад лутите ривали Плзен и Славија, а тоа беше разочарување за нив.
Пред неколку денови во чешките медиуми се појави вест дека поранешниот тренер на Интер ќе се пресели во Спарта. Тој ја прифатил понудата, а ќе донесе и неколку звучни засилувања.
Италијанските медиуми пренесоа дека главна мета е Паласио на кој му завршува договорот со Интер на крајот на сезоната.
Паласио моментално заработува 2.4 милиони евра по сезона, но јасно дека ќе мора да се согласи на помала плата.