Рома, Аталанта, Кеси, Милан.. Не се знае ниту кој пие, ниту кој плаќа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новиот напад на Рома на фудбалерот кој им го зема Милан.

Рома не се предава и ќе се обиде да го донесе Кеси. Затоа е одржан состанок на претставниците на двата тимови, а таму не бил присутен агентот на фудбалерот.

Да потсетиме, Кеси е предмет на шпекулации за трансфер во Милан и Рома, затоа што по се изгледа дека Рома не се предава и нуди 28 милиони евра за него.

Лаудиса извести дека управата на Рома ќе се сретне со управата на Аталанта за да се обиде да го реализира овој недовршен трансфер кој требаше да се случи во зима.

Меѓутоа, агентот на Кеси, Атангана не се појави на состанокот. Се претпоставува дека тој сака Кеси да се пресели во Милан.

Како и да е, во најдобра позиција е Аталанта која ќе земе само пари, не се замара за тоа каде Кеси ќе ја продолжи кариерата.