Рома на маки: Дури четири клуба го контактирале Мончи


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Моменталниот спортскиот директор на Рома, Мончи и кога беше во Севиља одлично си ја вршеше работата, а со исто темпо продолжи и во италијанскиот клуб.

Меѓутоа, сигурно никој не очекуваше во римскиот клуб дека толку голем интерес ќе се пројави за спортскиот директор. Тој е повеќе на мета дури и од фудбалерите на Рома.

Во последно време доста се шпекулираше дека Барса и Манчестер Јунајтед го сакаат Мончи во своите клубови што го потврди и Рома. Сепак, италијанските медиуми наведуваат дека сега во целата ситуација се вклучиле и уште два клуба, па ова ќе биде вистински предизвик Рома да го задржи Мончи во своите редови.

Наводно, покрај Барселона и Манчестер Јунајтед овој спортски директор го сакаат ПСЖ и Атлетико Мадрид. Во неговиот договор со Рома постојат две клаузула, а една од нив е да може да ја напушти Рома доколку договори разумно раскинување на соработката со римскиот клуб, но тешко дека челниците на Рома ќе го сакаат тоа.