Рома се засилува од Фиорентина?


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Екипата на Рома наредната сезона би можела да го донесе Борха Валеро од Фиорентина.

Валеро веќе долго време беше на листата на желби на Спалети кој минатото лето се обиде да го донесе во својот тим.

Сепак, тогаш Фиорентина не сакаше да го пушти.

Рома не се откажа од него и овие денови повторно тргна во акција.

Валеро е фудбалер кој има 32 години, а оваа сезона одигра 17 натпревари и постигна 2 асистенции.

Во Фиорентина дојде во лето 2012 година од Виљареал, а претходно играше и за ВБА, Мајорка и резервниот тим на Реал Мадрид.