Рома ја одреди цената за Наинголан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Рома сакаат по секоја цена да го задржат белгискиот играч за врска Раџа Наинголан.

После тоа што одбија неколку понуди од Челси, во Рим подготвуваат нов договор за својот одличен играч за врска.

Раџа порано изјави дека сака да остане во Рома, а Газета дело Спорт тврди дека клубот му подготвува подобар договор, според кој ќе заработува четири милиони по сезона.

Во тој договор челниците на Рома сакаат да го вградат и откупна клаузула во висина од 40 милиони евра, а Наинголан треба да потпише договор до 2021 година.

Белгиецот пред Рома играше во Пјаченца и Каљари, а за римскиот клуб во 70 настапи даде 11 голови.

Во дресот на Белгија постигна шест голови во 24 настапи.