Роналдињо повторно во дресот на Барселона против Реал Мадрид!

Легендарниот Роналдињо одлучи да организира хуманитарен натпревар на кој ќе се игра во Бејрут.

Роналдињо одлучи во Либан да организира натпревар помеѓу ветераните на Барселона и Реал Мадрид само 4 денови по дуелот на овие 2 клубови во „Ел Класико“.

Сеуште не е познато кои играчи ќе бидат составен дел од овие два тимови, а листата би требало наскоро да биде познато.

Роналдињо пред повеќе од 10 години остави голема трага токму на натпреварот против Реал Мадрид. Тогаш Барселона победи со 3:0 во Мадрид, а два фантастични голови постигна Роналдињо.

Овој фудбалер е еден од ретките кои доби аплауз од противничките навивачи.