„Роналдо го носеше Реал до трофеј во ЛШ, ова е срамна награда за Модриќ“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


УЕФА во четврток на фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, му додели награда за најдобар фудбалер на годината во Европа, но таквиот избор не му се допадна на суперагентот Жорж Мендеш, кој смета дека наградата требало да ја освои Кристијано Роналдо.

Роналдо минатата сезона во Лигата на шампиони постигна 15 голови, а „кралеивте“ на крајот ја освоија и третата титула по ред во елитното натпреварување.

„Фудбалот се игра на теренот, а таму победи Роналдо. Постигна 15 голови, го носеше Реал до титулата во Лигата на шампиони. Смешно е и срамно. Не треба да се поставува прашањето кој е најдобар, зашто Роналдо е најдобар на својата позиција“, кажа Мендеш.