Русите повторно на удар – Савинова би можела да ја изгуби наградата за најдобра атлетичарка!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Руската атлетичарка Марија Савинова би можела да остане без награда за најдобра европска атлетичарка во 2011 година поради допинг.

Претседателот на Европската атлетска унија, Свен Арне Хансен изјави дека денес ќе биде разгледана опцијата на Савинова да и биде одземана наградата.

Судот за спортска арбитража во Лозана на 10 февруари ги избриша сите резултати на Савинова кои ги направи на 800 метри во 2011 година.

Савинова ја снимиле кога наводно признала дека користела стероиди, а судот наведе дека нејзините примероци од крв од 2010 до 2013 година покажуваат на допинг.

Савинова остана без златните медали од Лондон 2012 година и титулата на светски шампиони од 2011 година.

Хансен наведе дека тој случај е разочарување за милиони навивачи.