Сагата на Интер и Икарди се завршува: Ванда повторно се огласи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мауро Икарди веќе повеќе од месец дена ги следи од трибини натпреварите на Интер, откако одби да тренира со тимот.

Најпрво му беше одземена капитенската лента поради одолговлекување на потписот за нов договор, а потоа Аргентинецот изјави дека е повреден и дека не може да игра.

Но, лекарските прегледи утврдија деак Икарди не ја говори вистината и дека е спремен за игра. Сепак, аргентинскиот напаѓач не тренира со тимот, а Лучијано Спалети одбива да го стави во тимот.

Фудбалската јавност најмногу ја обвинува неговата сопруга Ванда Нара за скандалот околу новиот договор, бидејќи поставува услови на своја рака. Меѓутоа, Ванда сега се огласи и најави дека ситуацијата мора конечно да се реши.

„Разговарав со Марота и не постои проблем Близу сме сево ова да го завршиме. Мауро се опоравува од повредата на коленото и поради тоа не игра. Нема никакви проблеми со соиграчите и сигурна сум дека ќе се врати во тимот кога ќе се опорави“ рече Ванда.