„Сакав да се пензионирам на крајот на сезоната“

Легендарниот Буфон вети дека ќе се пензионира на крајот на сезоната доколку не прими гол во натпреварите против Барселона.

Буфон успеа да ја зачува мрежата. Јувентус победи со 3:0.

Иако Буфон имал намера да го исполни ветувањето, сепак управата го убедила да ја смени одлуката.

„Му реков на Ањели и тој ми кажа дека некогаш во животот зборуваме глупости, дека не размислуваме за тоа и дека треба да продолжам понатаму. Претседателот има повеќе искуство од мене и ми даде добар совет.“

„Многу сум задоволен што не примив гол против Барселона, а за тоа е заслужен цел тим.“

Јувентус во ½-финале ќе игра против Монако.