„Сакав да се пензионирам, не можев да продолжам!“

Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи изјави дека планирал пред време да ја заврши својата кариера.

Синот на Бонучи, Матео бил болен од тешка болест, а по операцијата е на пат да оздрави.

„Стравови, кои започнаа во јуни, исчезнаа пред неколку денови. Постојано со Матео зборувавме дека тој е шампион и мора да победи во тој натпревар. Конечно работите одат во вистински правец.“

„Почуствувавме дека не е истото дете кога започна болеста. Моментално закажавме анализи, по операцијата која траеше 9 часови. Тие недели размислував да ја завршам својата кариера, не можев да се сконцентрирам на работата.“