„Сакам да останам, но никогаш не се знае“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри сака да остане во Торино.

Алегри со Јувентус освои двојна титула во Италија и игра финале во ЛШ против Реал Мадрид и може да кажеме дека имаше успешна сезона.

„Среќен сум поради зборовите на управата, но во овој момент не сме разговарале за мојата иднина. Нема тоа да го направиме сега, затоа што имаме финале во Кардиф.“

„Што се однесува до мојот договор, клубот ќе одлучи во вистинско време, а јас имам договор до 2018-та година. Сакам да останам, но мораме да разговараме. Го повторив тоа 1500 милијарди пати и пак ќе го повторам.“

„Ќе влијае ли ЛШ на мојата одлука? Апсолутно не. Во 5 години имаме јасна идеја за тоа каде ќе бидатм, но сега нема да зборувам за тоа.“