Салах имаше голема среќа – нема да биде суспендиран поради актерскиот потег против Њукасл!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах , стана главана тема на социјалните мрежи и во англиските медиуми по неговиот актерски потег на мечот меѓу неговата екипа и Њукасл.

Постоеше голема можност Салах да добие суспензија од два натпревари, но тоа нема да се случи.

„Црвените“ средбата ја добија со 4-0, а вториот погодок го постигнаа од спорно досуден пенал.

Салах падна во шеснаесетникот на гостите по еден контакт, а судијата покажа на белата точка.

„Бидејќи постоел контакт, судиската комисија потврди дека нема основ за да го казнат Салах“, пишува „Би-би-си“.