Салах против Црвена Звезда постави нов рекорд!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул синоќа ја победи Црвена Звезда на „Енфилд“ со 4-0 и сега се наоѓа на првото место во група Ц, а посебна причина за задоволство има Мохамед Салах.

Египќанецот беше двоен стрелец во вчерашниот дуел, па ги постигна вториот и третиот гол за Ливепрул во 45. и 51. минута, а тоа беше 50. гол по доаѓањето во Ливерпул.

На тој начин, Салах стана рекордер на Ливерпул, зашто од вчера е фудбалер, кој најбрзо во историјата на клубот стигна до бројката од 50 постигнати голови, за што му беа потребни вкупно 65 натпревари.

Пред него, рекордот го држеше Алберт Стабинс, кој 50. гол го постигна по 77 одиграни дуели.

„Тоа е одличен рекорд и јас сум многу среќен.Тоа што го сакам е да постигнувам голови и да му помагам на тимот да победува.Тоа беше важен натпревар за нас, а најважно е тоа што освоивме бодови“, кажа Салах.