„Само еден фудбалер може да го напушти тимот“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во последно време во медиумите се пишува дека Руни ќе го напушти Јунајтед и ќе замине во Кина.

Мурињо изјави дека тоа нема да се случи и дека единствен фудбалер кој може да замине е Ешли Јанг.

„Единствен фудбалер кој би можел да замине е Ешли Јанг. Тоа е фудбалер кој би сакал да го задржам, но може да си отиде затоа што не го користам доволно во натпреварите.“

Да потсетиме, Јанг дојде во Јунајтед во 2011 година од Астон Вила.

Од доаѓањето на Мурињо на клупата на Јунајтед, тој ретко добиваше шанса да игра, па негово заминување е очекувано.