Само една цел постави Јунајтед: Истата на Солскер ќе му донесе бонус од два милиони?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед утре играат на „Олд Трафорд“ против Хадершфилд што ќе биде деби за новиот тренер на овој тим, Оле Гунар Соскер на домашен терен.

Солскер е избран за нов тренер изминатата недела откако Жозе Мурињо доби отказ, а во првиот меч запиша победа со Јунајтед на гостувањето против Кардиф. Норвешкиот стратег има голема поддршка бидејќи е јасно дека го очекува доста работа, па притисокот е неизоставен фактор на „Театарот на соништата“.

Норвежанецот со Јунајтед договори соработка до крајот на сезоната, но ако се покаже веројатно ќе добие договор. Нему сигурно нема даму биде лесно со оглед на тоа дека од Јунајтед секогаш се очекува најдоброто, а челниците на клубот веќе пред него ги поставија целите.

Според пишувањата на англиските медиуми главната цел е Јунајтед да се избори за место кое следната сезона води во Лигата на шампионите. „Црвените ѓаволи“ моментално се на шестата позиција со 29 бодови и имаат осум бодови негатива зад Челси кој е на четвртата позиција.

Сепак, неговиот труд нема да биде залуден бидејќи челниците му ветија голем бонус доколку ја оствари целта. Како што се наведува, Солскер во тој случај ќе биде побогат за два милиони фунти.