Сампаоли: Видал е алкохоличар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Чиле не се смирува тензијата по неуспехот на репрезентацијата во јужноамериканските квалификации.

Актуелниот шампион на Јужна Америка нема да го види Мундијалот во Русија, а навивачите и медиумите во оваа земја секојдневно објавуваат факти од соблекувалната на Чиле.

Последен детали околу играчите изнесе некогашниот селектор на Чиле, Хорхе Сампаоли, а најголеми критики имаше кон Алексис Видал.

Сампаоли кој на клупата на Чиле беше четири години (2012-2016) по ред ги окарактеризира своите некогашни играчи.

Алексис Санчез– Не е толку проблематичен… Главно седи на масата, слуша музика и не разговара со никого.

Маурисијо Пиниља– Тој размислува само за журки. Ги правеше по хотелите со проститутки.

Матијас Фернандес– Воопшто не игра на нивото кое се очекува од него, ја немаше играта поради која го викав во репрезентацијата.

Едуардо Варгас– Секој пат кога ќе го видам тој е се полош и полош

Гери Медел- Обожава да излегува, да се забавува, но велат дека повеќе не пие…

Артуро Видал– Тој е алкохоличар. Човекот мора на лечење, кај специјалист…Целосно е вон контрола. Еднаш на еден лет до Лима ме праша дали може да се напие шише пиво. Не му дозволив. Подоцна го видов со шише виски во рацете..