Сао Паоло го посакува Кака

Претседателот на Сао Паоло,  Аугусто Барос истакна дека ќе стори се што може за да го врати Кака во клубот.

Кака ја започна својата богата кариера во Сао Паоло, а вчера го имаше својот последен натпревар за тимот на Орландо Сити.

Се уште не е познато дали Бразилецот ќе се пензионира, но Барос истакна дека играчот секогаш ќе биде добредојден во клубот.

„Засега нема ништо, но возможен е негов трансфер. Тој е играч кој направил многу за историјата на Сао Паоло, и ако тој сака да дојде, ние ќе сториме се што е неопходно договорот да се материјализира“- коментираше Аугусто Барос.