Сари импресиониран од Игуаин


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Предоводникот на Челси, Маурисио Сари истакна дека е импресиониран од Гонзало Игуаин откако Аргентинецот одигра клучна улога во денешната победа против Хадерсфилд со 5:0.

Поранешниот напаѓач на Милан, Јувентус, Наполи и Реал Мадрид со два гола учествуваше во убедливата победа на Челси кој се врати на четвртата позиција на табелата.

„Кога пристигна овде не беше во топ физичка состојба, но сега напредува. Навистина сум среќен затоа што покрај головите видовме дека одлично се согласува и може да игра веднаш до Еден Азар. За нас тоа е многу важно“- коментираше Сари.