Сари со свој коментар околу доаѓањето на Игуаин во Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денови се во прашање кога Челси и официјално ќе го потврди Гонзало Игуаин како нов фудбалер на клубот откако паднал договор со тимот на Јувентус за 18 месечна позајмица.

Сепак, кога беше запрашан дали е договорен Игуаин, Маурицио Сари не даде конкретен одговор и истакна дека него го интересира само тоа што се случува на теренот.

„Сакам да бидам јасен затоа што не можам да ви помогнам многу. Зборував со спротскиот директор Марина Грановскаја пред две недели и таа го знае моето мислење за тоа како да го подобриме тимот. Потоа јас одлучив да се фокусирам само на тоа што се случува на теренот, на натпреварите, тренинзите.

Сега јас сум самоуверен затоа што знам дека Марина работи навистина напорно, но не знам ништо за трансфер пазарот затоа што сакам да се фокусирам на натпреварите. Не ја барам секој ден и не си ја трошам силата на трансфер пазарот. Мислам дека полесно е да ја трошам на теренот“ –заклучи Сари.