Светското првенство му беше последно: Легендарниот руски дефанзивец стави крај на кариерата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Русија беше елиминирана во четвртфиналето од Мундијалот од селекцијата на Хрватска.

Русите по машка борба загубија по пенал рулетот и со тоа го завршија сонот кој го живееја како домаќини на ова натпреварување.

Еден од најдобрите играчи на Русија на овој Мундијал беше стоперот Сергеј Игњашевич. Познатиот фудбалер на ЦСКА Москва се одлучи натпреварот против Хрватска да му биде последен негов во кариерата.

Игнашевич цели 14 години го носеше дресот на ЦСКА Москва, а за Зборнаја настапи на 127 натпревари на кои запиша и осум погодоци.

„Во мене владее мир и задоволство што кариерата ја завршив на вака високо ниво. Играв во четвртфиналето на Мундијалот со одлична репрезентација и под водство на одличен селектор“ – напиша Игњашевич.