„Светците“ последни во низата виновници за отказот на Раниери…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мандатот на Клаудио Раниери во Фулам би можел да биде завршен по само неполни четири месеци.

Се обидоа челниците на Фулам со смената на Славиша Јокановиќ да направат пресврт во сезоната, но се покажа дека направија погрешен чекор.

Клаудио Раниери не успеа да ја покрене екипата и веќе по три и пол месеци може да се соочи со отказ, пишуваат англиските медиуми.

„Не знам дали работата ми е сигурен – прашајте ги сопствениците. Се уште не сме разговарале, ќе разговарам со сопственикот на клубот утре“, истакна Раниери по вчерашниот пораз од Саутемптон.

„Светците“ во средата на Фулам му го нанесоа осмиот порз во последните девет натпревари, па сега мисијата за опстанок во Премиер лигата делува како научна фантастика.

Екипата го зазема претпоследното место на табелата со десет бодови помалку од првиот тим кој е во сигурната зона.

До крајот на сезоната останаа уште десет кола и се помали се шансите Фулам да го обезбеди опстанокот поради што англиските медиуми пишуваат дека Раниери е веќе бивши и дека само прашање на момент е кога клупските челници ќе му врачат отказ.