„Седам одма покрај тоалетот, но не го давам тоа место на никого“


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Германскиот фудбалер Томас Милер даде многу интересна изјава за магазинот Сократес.

Неодамна се појави информација дека капитенот на Баерн Филип Лам може кариерата да ја заврши на крајот на сезоната и да стане спортски директор на овој клуб, а Томас Милер смета дека Лам е вистинска личност за таа позиција.

„Не слушнав ниту еднаш дека Лам рече дека “ќе стане спортски директор на клубот“, но свесен сум дека се зборува за тоа.

Тој ги познава сите во клубот и знае како клубот функционира. Сигурен сум дека тој е личност во која може да се довери таа фунцкија“, рече Милер.

Тој после тоа се наврати и на своето место во соблекувалната на Баерн кое, како што рече, е посебно.

„Моето место во соблекувалната е посебно, седам точно пред тоалет. Но нема на никого друг да го дадам бидејќи многу добро делува од таа позиција“, рече Милер.

Да потсетиме дека напаѓачот на Баерн во оваа сезона одигра 14 мечеви и постигна само еден гол во Бундеслигата.