„Секогаш ќе имам конкуренција, но не ми е страв“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клаудио Браво не се плаши од новата конкуренција во Сити.

Сити пред некој ден го донесоа голманот на Бенфика, Едерсон за 40 милиони евра, а Браво вели дека конкуренцијата е нормална работа.

„Мојата иднина ќе биде уште долго време во Сити. Од денот кога дојдов во тимот, знаев дека ме чека и токму тоа се случува и денес. Секогаш ќе имам конкуренција на ова ниво. Тоа ми се случуваше во претходните тимови, тоа ќе ми се случува и тука, но не ми е страв да работам напорно.“

Да потсетиме, тој стигна од Барселона за 19 милиони евра.