Сениор Гранд Мастер Ким Унг Чол ќе одржи теквондо семинар во Лескоец, охридско


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Теквондо клубот Хва Ранг ИТФ од Лескоец, Охрид на 10 и 11 февруари ќе организира технички семинар со професор Сениор Гранд Мастер, Ким Унг Чол (црн појас, деветти дан).

Ким Унг Чол е претседател на комисијата за организирање на турнири во рамките на Интернационалната Теквондо Федереација (ИТФ).

„Во светот има двајца теквондисти кои се носители на титулата сениор гранд мастер, а еден од нив, на наше задоволство, повторни ќе биде гостин во Охрид, благодарение на нашиот генерален спонзор ПН МЕТАЛ“- истакнуваат од Хва ранг ИТФ.

Со овој семинар ќе започнат и активностите на теквондо клубот Хва Ранг ИТФ за новата 2018 година. Семинарот ќе се одржи во Домот на културата во Лескоец во спортската сала на клубот.