Серена Вилијамс во полуфиналето на УС опен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американската тенисерка, Серена Вилијамс се пласираше во полуфиналето на УС опен, по победата над чешката тенисерка Каролина Плишкова со 2-0 по сетови, 6-4 и 6-3.

Пискова имаше добро отварање на мечот, направи бејк во третиот гем и имаше предност од 3-1 во гемови, но Серена потоа спаси и три брејк топки.

Меѓутоа, во клучните моменти на првиот сет Вилијамс беше доминантна. Со два брејка и сигурен сервис дојде до освојување на првиот сет.

Вториот сет и донесе лесна работа на Серена, поведе со 4-0, а потоа и даде мала надеж на Плишкова да може нешто да направи, но нема некоја значителна промена.

Вториот сет Американката го доби со 6-3, а во полуфиналеот на УС опен ја чека дуел со Анастасија Севастова.