Серена Вилијамс: Нема да биде лесно против Венус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Серена Вилијамс со победа над Карина Витоефт се пласираше во наредното коло на УС опен и закажа двобој против својата сестра Венус.

Серена е свесна дека нема да биде ниту малку лесно.

„Мечот со Венус ќе биде исклучително тежок за мене. Но, секогаш го извлекуваме најдоброто од нас. Тоа сме го правеле порано, а ќе го правиме сега и во иднина“, изјави Серена, пренесуваат странските медиуми, па кратко се осврнала и на победата.

„Сервирав многу добро, дури и во моменти кога бев „скршена“. Тоа и мојот тренер ми го рече“.

Ова ќе биде 30. средба на сестрите Вилијамс.