Серена лесно до третото коло, таму ја чека нејзината сестра Венус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американската тенисерка Серена Вилијамс се пласираше во третото коло на УС опен откако ја победи Германката Карина Витоефт со 2-0 во сетови.

Серена дојде до лесна победа, а мечот траеше вкупно 68 минути, а противничката која е 101. тенисерка во светот успеа да освои 4 гема.

Серена поведе со 3-1, па потоа Карина успеа да и земе уште еден гем, за на крајот првиот сет да заврши 6-2.

Вториот сет исто така Серена успеа да го победи со 6-2.

Инаку, во третото коло, Серена ја очекува дуел со нејзината сестра Венус.

Ова ќе биде 30. љубилеен помеѓу двете сестри, а до сега во предност е Серена со 17-12.