Сер Алекс Фергусон со еден повик покажа колкава е легенда


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон покажа уште еднаш дека не ги заборава своите поранешни фудбалери.

Иако одамна се пензионираше, Фергусон сеуште ги следи поранешните фудбалери дури и оние кои одамна не играат за црвените ѓаволи.

Голем дел од навивачите на Манчестер Јунајтед го заборавија Федерико Македа, но не и Фергусон, а тоа го откри самиот фудбалер.

„Сер Алекс е фантастичен човек од кој научив многу. Пред три недели ме ѕвонеше на телефон и ме праша како сум и како оди мојата кариера“, изјави Македа.

После заминувањето од Манчестер Јунајтед, Македа промени голем број на клубови, а моментално игра за Новара во Серија Б.