Се е готово, Мбапе во Реал Мадрид за неверојатна сума на пари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесуваат повеќе светски медиуми, талентираниот фудбалер на Монако, Килијан Мбапе е пред рекорден трансфер во редовите на Реал Мадрид.

„Марка“ пишува дека двата клуба постигнале договор за сума од неверојатни 180 милиони евра.

„Кралевите“ ќе платат 150 милиони евра во кеш, а останатите 30 милиони ќе бидат пресметани во бонуси. 18 годишниот играч треба да потпише шестгодишен договор со европскиот шампион.