Се е договорено, Баерн ќе плати 20 милиони за Французин!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Баерн Минхен одлучи, Французинот и наредната сезона ќе игра во Минхен.

Во својата втора сезона во Баерн Минхен на позајмица од Јувентус, Кингсли Коман не е на највисоко ниво, но неговата форма полека се подобрува.

Токму поради тоа, Румениге одлучи да го откупи неговиот договор.

Коман пред 2 години стигна во Баерн на 2-годишна позајмица која беше платена 13 милиони евра, а доколку Баерн сака да го откупи, ќе мора да плати дополнителни 20 милиони евра.

„Да, очекуваме да го задржиме за наредната сезона. Опцијата ни важи до 30-ти парил, тогаш е последниот ден да го откупиме неговиот договор.“

Коман е познат по тоа што освојува титула каде и да отиде, прво тоа го направи во ПСЖ, потоа во Јувентус, а минатата сезона во Баерн Минхен.