Се жалеше дека не игра, негодуваше во јавноста, а сега го продолжи договорот со Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Долго време се шпекулираше дека Кејлор Навас наскоро ќе си замине од редовите на Реал Мадрид откако го изгуби стартното место во тимот со доаѓањето на Тибо Куртоа.

Костариканецот во неколку наврати се пожали дека воопшто не му се допаѓа што ја грее клупата во Реал и посочи дека тоа не го заслужува некој што имал значаен удел во освојувањето на три титули во Лигата на шампионите со ред.

„Од играч кој освои три титули во Лигата на шампионите во низа станав играч кој седи на клупата за резерви“- изјави пред одреден период за Марка, Кејлор Навас.

Сепак, нема ништо од негово заминување од Мадрид затоа што Навас потпиша нов едногодишен договор со „Кралевите“ и ќе остане во Реал Мадрид до 2021 година.

Оваа вест е потврдена за „Марка“, а информациите говорат дека Навас го продолжил договорот по долги преговори со челниците на клубот.