Се огласи БЕСНИОТ Икарди: „Газета дело Спорт“ прва медиумска мета на аргентинскиот напаѓач


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мауро Икарди нема милост кон медиумите.

По пишувањата на медиумите дека Мауро Икарди заминува од Интер, како и дека Интер барал од Мауро да го промени агентот, се огласи и Аргентинецот преку социјалните мрежи.

Ванда Икарди, неговата сопруга која ја објави работата на неговиот менаџер, истакна дека договорот кој го добила од Интер не е задоволувачки по што се покренаа гласините дека го напушта клубот.

Ванда кокетираше со Реал и Барселона, сето тоа ги наведе медиумите да шпекулираат за заминување на фантастичниот капитен на Интер.

Денес се огласи и самиот Икарди преку социјалната мрежа Инстаграм, запали по „Газета дело Спорт“, ставајќи ја нивната насловна страна со натпис преку фотографијата „Cyber lie“, односно „Сајбер лага“.