Се огласи и Навас по првиот старт во Ла Лига по стартот на новата година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кејлор Навас се врати меѓу стативите на Реал Мадрид веднаш, на првиот натпревар кој од клупата го предводеше Зинедин Зидан.

Костариканскиот голман беше миленик на Зидан во изминатите години додека тој го предводеше „кралскиот клуб“ и токму тоа беше причината што Реал Мадрид не притискаше многу за ангажман на Давид Де Хеа.

По заминувањето на Зидан, челниците на Реал Мадрид го ангажираа Тибо Куртоа кој игра доста променливо оваа сезона, но постојано беше прв избор на претходните тренери, Лопетеги и Солари.

Сега Зидан веднаш му даде шанса на Навас кој по натпреварот со Селта Виго во кој неговата мрежа остана недопрена имаше што да каже.

„Луѓето кои рекоа дека тренирав лошо мора да признаат дека погрешија затоа што или не ме знаат или никогаш не виделе како тренирам на Валдебебас. Сите таму знаат како тренирам.  Секогаш има свелто на крајот на тунелот“- заклучи Навас.