Се огласоа Мадриѓаните: Реал пресече во „случајот“ Модриќ…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ова се нови моменти, „Кралскиот клуб“ се насочи кон друга опција.

Една од најголемите приказни изминатото лето беше онаа за Лука Модриќ и неговото заминување од Реал Мадрид.

Интер беше многу упорен во намерата да го донесе, но во Мадрид не дозволија такво нешто, па најдобриот фудбалер на светот остана на „Сантијаго Бернабеу“.

Сега се појави нова надеж на „Нероаѕурите“ бидејќи „Кралскиот клуб“ се уште не ги започнал преговорите за продолжување на договорот на капитенот на Хрватска, кој истекува 2020. година, тврди Коријере дело Спорт.

И не само тоа – Реал на големо преговара со Тотенхем во врска со Кристијан Ериксен кој би бил природен наследник на Модриќ, па Интер и натаму има зошто да се надева.

Тимот од Милано е многу блиску да го обезбеди потписот на Диего Годин и навивачите најмногу би сакале овој тандем од Мадрид, следното лето да се пресли на „Џузепе Меаца“.