Се одржа “НБА Африка” настанот, тимот на Светот излезе како победник


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тимот на Светот оствари победа над Тимот Африка во ревијалниот натпревар кој се одигра во Тикетпро Дом во Јоханесбург, Јужна Африка.

Тимот на Светот беше составен од играчи од целиот свет, почнувајќи од Андре Драмонд и Буги Казнс, преку Дирк Новицки па сѐ до Кристапс Порзингис, додека пак тимот на Африка се состоеше од играчи кои се родени на црниот континент или пак имаат потекло од таму, како на пример Табо Сефолоша, Денис Шродер, Клинт Капела, Серџ Ибака и сл.

Најефикасен во тимот на Светот беше Џeјлен Браун со 15 поени, а многу не заостануваа ниту Порзингис, кој имаше 15, и Кортни Ли, кој имаше забележа 13 поени.

Најефикасен на натпреварот беше Виктор Оладипо од тимот на Африка со 28 поени и 9 скока, притоа освојувајќи го МВП трофејот.

 

Целта на ваквите настани кои ги организира НБА лигата е да се доближи кошарката до сите луѓе кои сакаат да ја гледаат, и секако, да се глобализира спортот на сите континенти.