Се подготвува понуда од гигант, Рашфорд би можел да замине од Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од омилените фудбалери на навивачите на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд би можел да си замине од клубот во текот на следниот летен преоден рок.

Имено, за англискиот репрезентативец кој сиот свој потенцијал го покажува токму во репрезентацијата на „Гордиот Албион“ додека пак во Манчестер Јунајтед игра далеку под тоа ниво, има интерес од италијанскиот гигант Јувентус.

Наводно клубот од Торино е подготвен да плати 65 милиони фунти за 20 годишниот фудбалер, сума која е тешко прифатлива за Манчестер Јунајтед.

„Црвените Ѓаволи“ не сакаат да се откажат од својата млада ѕвезда, па за евентуален негов  трансфер во Италија, Јувентус ќе мора да одвои многу, многу повеќе од „само“ 65 милиони фунти.