„Се радувам на дуелот со Дел Потро“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако не беше на висина на задачата, Ѓоковиќ го победи Клижан и обезбеди пласман во 2-то коло од Акапулко.

Новак во борба за ¼-финале ќе игра против стариот познаник, Дел Потро за кој вели дека е голем спортист и уште поголем човек.

„Ме победи на ОИ и освои сребро. Подоцна дојде на Дејвис купот и стана херој на својата земја. Секогаш е посебно кога играм против него затоа што тој ги прави интересни натпреварите. Има врвен сервис.“

„Имам добар третман во Акапулко. Организаторите прават се за да се чувствувам како што треба. Засега престојот тука е одлично искуство за мене.“

Тие двајца имаат играно 15 пати, а Новак има 11 победи.