„Се уште е рано за разговори за нов договор“


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Ѕвездата на Челси, Азар откри дека е рано за преговори за нов договор со Челси.

Тој веќе долго време се поврзува со Реал Мадрид, а тој самиот изјави дека има амбиција да игра во други клубови.

Медиумите во Англија известуваат дека Челси му понудиле договор според кој ќе има плата од 300.000 фунти неделно.

„Не постојат ни знаци за нов договор во овој момент. Јас сум фокусиран на последниот месец, а ние подоцна ќе разговараме. Тоа не ми е во мислите во моментов. Останаа 2 или 3 години од договорот. Само сакам да ја завршам добро сезоната, а ние ќе видиме подоцна што ќе биде.“

Тој кажа дека не сака да биде наследник на Тери како капитен на Челси.

„Мислам дека имаме играчи кои би требало да бидат капитени пред мене.“