Се чека потегот на „Кралевите“: Челси ја одреди цената за Еден Азар…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот фудбалер, Еден Азар, повторно одби да го продолжи договорот со Челси, откако се појавија шпекулациите дека би можел да премине во Реал Мадрид.

Шпекулациите околу Азар и Реал Мадрид траат веќе со месеци, но многумина се сигурни дека Белгиецот навистина на крајот ќе заврши на „Сантијаго Бернабеу“. Откако одби да го продолжи договорот со „Плавите“ повторно се појавија шпекулации дека Азар оди во Реал Мадрид, но тешко е да се очекува дека тоа ќе се случи на крајот од оваа сезона.

Овој 28-годишен фудбалер, не крие дека желба му е еден ден да заигра во кралскиот клуб и се чини се е подготвено дека тоа ќе се случи на крајот од оваа сезона. Англиските медиуми пренесуваат дека во Челси се свесни дека тешко ќе го задржат Азар, и имаат цел да заработат што е можно повеќе пари од неговата продажба.

Договорот на Азар со лондонскиот клуб истекува на крајот од следната сезона и на лето Челси ќе има последна прилика да земе огромна сума на пари. Како што се наведува, „Плавите“ веќе ја одредиле цената за овој фудбалер и му порачаа на Реал дека Азар може да замине само за сума од 150 милиони евра.

„Плавите“ го добија Ковачиќ на позајмица за трансферот на голманот Тибо Куртоа, а Кралевите со задоволство во своите редови би ја гледале ѕвездата на Челси, Еден Азар.

И самиот Белгиец призна дека во иднина би сакал да настапува за Реал, а Матео Ковачиќ откри дека Азар го прашал за ситуацијата во тимот од Мадрид.

„Ме праша каква е ситуацијата во Реал кога пристигнав во клубот. Меѓутоа, ние сме фокусирани на Челси. Особено тој, бидејќи прави фантастични работи за клубот“, истакна Ковачиќ и продолжи да го фали својот соиграч:

„За мене тој е неверојатен фудбалер. Не знаев порано дека е толку добар. Без проблеми може да биде помеѓу двајцата или тројцата најдобри фудбалери на светот“, беше убеден Ковачиќ.