Се чека реакцијата на УЕФА: Рамос призна дека намерно заработил картон, се чека санкција…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


УЕФА се чини би требало особено да се позанимава со случајот на капитенот на Реал, Серхио Рамос бидејќи тој призна дека на мечот со Ајакс намерно заработил жолт картон.

Поради тоа ќе го пропушти реванш мечот во Мадрид, што ќе му овозмжи да игра во евентуалното четвртфинале во Лигата на шампионите.

„Би лажеш кога би кажал дека тоа не го сторив намерно. Не би сакал да го потценам Ајакас и да кажам дека сега веќе се е готово, но факт е дека ми треба одмор. Ќе го гледам дуелот на стадионот и ќе навивам за своите соиграчи“, изјави Рамос.

Дали Рамос беше свесен дека оваа изјава може да го чини или не, тоа не знаеме, но на потег е УЕФА. Ако се држат до правилата, во Нион ќе мораат да го имаат истиот критериум бидејќи така оваа сезона го казнија играчот на Порто, Хезус Корона, кој исто така призна дека намерно добил картон во групната фаза.

УЕФА го казни со дополнителен меч суспензија, па ако истото го примени и со Рамос, тоа ќе значи дека шпанскиот репрезентативец не би имал право да игра во првиот меч од евентуалното четвртфинале во елитното натпреварување.

Реал е блиску до тоа бидејќи има 2:1 од првиот меч во Амстердам, но за Рамос подобро бше да молчи.