Се шегува ли некој: Барселона го понуди Малком на – Рома?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Малком конечно неделава доби шанса да игра за Барселона од првата минута, но не го воодушеви тренерот Ернесто Валверде со својот настап.

Малком летоска стигна како засилување од Бордо и во претсезонските натпревари играше врвно, но Валверде очигледно не смета премногу на него, па би требало Бразилецот да си замине уште во јануари.

Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона го понудила Малком на Рома, а наводно неговиот агент го контактирал Мончи и му порачал дека Бразилецот жали поради неговиот потег летоска.

Да потсетиме, Малком беше на прагот да потпише за Рома летоска, но Бразилецот во последен момент се предомисли и замине во Каталонија.

Навивачите се спротиставија на идејата Малком да дојде во Рома, па останува да видиме како ќе реагира управата на Римјаните.