„Симеоне го живее фудбалот!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Франција и Атлетико Мадрид, Кевин Гамеиро имаше само пофални зборови за Симеоне.

Гамеиро минатата година од Севиља стигна во Мадрид, а дека се прилагоди добро во Атлетико, зборуваат и неговите изјави полни со пофалби на сметка на тренерот Симеоне.

„Диего ве учи на победнички менталитет. Може да ја видите неговата страст и тој ја пренесува на вас пред натпреварот.“

„Симеоне живее фудбал, тој секогаш мисли за фудбалот дури и кога јаде и спие.“

„Направи некои големи работи кога го превземав тимот. Многу го почитувам затоа што започна од ништо и помогна да се изгради овој тим.“