Симеоне: За мене Гризман е најдобар играч на светот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напшаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман синоќа одигра одличен меч за својот тим против Клуб Бриж и забележа два погодоци.

Многу среќен поради неговата партија беше и тренерот Симеоне, кој после средбата уште еднаш порача дека за него најдобар фудбалер на светот е токму Французинот.

„Реков порано и пак ќе повторам, за мене најдобар играч на светот е Гризман. Ја освои лигата на Европа, Светското првенство и УЕФА Суперкупот и беше втор во лигата каде што играат Реал Мадрид и Барселона. Одлучи да остане во Атлетико и сега ужива во тоа. Ова се исклучително важни моменти за неговата кариера“, рече Симеоне.

Инаку, Атлетико после 2 кола има максимални шест бодови, а сега му следат два натпревари против Борусија Дортмунд.