Симеоне има клаузула, но таа не важи во два случаи!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кога го скратуваше договорот инсистираше да се уфрли ова одредба. Повторно циркулира приказна за разделба во ова лето.

И понатака е неизвесна судбината на Диего Симеоне, иако тој во неколку наврати рече дека има намера да остане до крајот на договорот.

Сепак, се зборува дека резултатите од оваа сесзона се причина за незадоволство на тренерот, а дека нема индикации дека тимот може да биде доволнително засилен.

Кога го потпиша новиот договор, односно го скрати тој од 2020 на 2018 година, наводно инсистираше да се уфрли клаузула од 50 милиони евра, доколку замине година дена порано.

Клаузулата не важи за селекцијата на Аргентина, или ако клубот не се пласира во Лигата на шампионите.

И понатака се шпекулира со неговото заминување во Италија, дали во Интер, или во Јувентус.

Но, јасно е, ако тоа се случи во јуни, тешко е да се верува дека италијанските клубови ќе ја платат клаузулата.

Од друга страна, Атлетико тешко дека веројатно ќе дозволи „Чоло“ да замине без пари, ако тој јасно изрази желба да го напушти Калдерон.