„Симеоне и Мурињо го убиваат фудбалот“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Не го штедеше ни Кристијано Роналдо.

Каде оди модерниот фудбал? Одговорите проба да ги пружи напаѓачот на Пари Сен Жермен Бен Арфа кој не ги мириса Жозе Мурињо и Диего Симеоне.

Францускиот фудбалер смета дека тренерот на Атлетико и Манчестер Јунајтед го „убиваат фудбалот“  и дека не ја претставуваат неговата суштина.

Затоа сурово ги критикуваше во интервју за Франс Фудбал.

„Многу тренери мислат дека измислиле нешто ново во фудбалот, а всушност бараат начин да ја блокираат играта на противникот. Ова не е суштината на фудбалот, посебно бидејќи се работи за Мурињо и Симеоне. Тие се антитеза на тоа што го работеше Јохан Кројф, слобода во играта која ја прогласуваше, а кај нив нема простор за задоволство“, смета Бен Арфа.

Вели дека фудбалот не го интересира, дури ни тој кој се игра во Франција.

„Нема повеќе спектакл, до таа мера што фудбал повеќе не ме интересира. Не наоѓам задоволство во гледањето на фудбалот, дури ни во Франција каде што исто така го убија фудбалот“.

Фудбалерот на Светците не го штедеше ниту Кристијано Роналдо, тврдејќи дека не ужива ни во неговата игра.

„Кристијано? Не ми создава никакви емоции. Предвидлив е“, заклучи Хатем Бен Арфа.