Синот на Шумахер сеуште не сака да вози во Ф1

Синот на Михаел Шумахер, Мик вели дека не се брза да влезе во Ф1.

Не сака да го следи примерот на Ферстапен и Строл кои како млади влегоа во овој спорт.

„Јас само што стигнав во Ф3 и го имав мојот втор натпреварувачки викенд. За мене најважно е да одам чекор по чекор.“

Како што вели се чувствува добро во Ф3, иако е на 5-то место во генералниот пласман.

„Немам никакви проблеми. Болидот е многу брз, скоро како ДТМ автомобил. Убаво е чувството да го возите.“