Скандал во Италија: Уапсен „лудиот“ претседател од Серија А


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро е уапсен и најверојатно ќе заврши зад решетки, откако полицијата му го заплени имотот и го обвини за финансиски криминали.

Меѓу сомнителните потези на Фереро е трансферот на Педро Обијанг, кој во 2015 година се пресели од Сампдорија во Вест хем за неодредена сума пари.

Оваа трансакција во моментов се истражува, а италијанските власти сметаат дека исчезнале 1,2 милиони евра од касата на Самдпорија.

Фереро е еден од шесте луѓе, кои се обвинети за правење измами, а наводно тој во еден случај извадил пари од касата на италијанскиот клуб за да финансира филмски проект и да заработи дополнителни пари во филмската индустрија.